Поинаков 007: Следниот Џејмс Бонд би можел да биде црнец или жена

Џејмс Бонд

Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Како што филмовите за Џејмс Бонд би морале да бидат во склад со времето во кое настанале, не се отфрла можноста ликот наскоро да промени боја или пол.

А веќе се појавија и првите шпекулации дека ТВ ѕвездата Џејмс Нортон би можел да биде новиот Џејмс Бонд. Продуцентката Барбара Брокколи напомена дека следниот таен агент 007 би можел да го глуми црнец или пак жена.

Џејмс Бонд од секогаш ги поместувал границите

Изјавата на продуцентката, која е ќерка на Алберт Брокколи, за следниот лик кој ќе го глуми Бонд изјави: „Овие филмови се често рефлексија за времето во кое настанале, па затоа секога пробуваме да ја поместиме границата. Се е можно. Моментално тоа е Даниел Крег, и многу сум среќна со него, но никој не знае што ќе донеси иднината. “

Крег уште во 2015 година изјави дека попрво ќе ги пресече вените одколку да игра уште во еден Џејмс Бонд филм. Но покрај се со помош на 100 милиони фунти, наводно убеден е да одигра уште една Џејмс Бонд улога.

Треба да се почитува ликот

„Слушнав како луѓето зборуваат дека новиот Бонд би требало да биде жена или геј“, вели Роџер Мур.

„Но, тие не би можеле да бидат Бонд од едноставна причина. Tоа не е она што го пишуваше Иан Флеминг. Не се работи за хомофибија или расизам, само едноставно почитување на ликот“, изјавил Мур.