Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Џорџ Стини Јуниор е најмладата личност осудена на смрт со погубување во САД. Имаше само 14 години кога беше погубен на електричен стол во 1944 година.
За време на судењето, па до денот на погубувањето, во рацете секогаш ја носеше Библијата, тврдејќи дека е невин. Момчето беше обвинето за убиство на две бели девојчиња (11 и 7 години). Нивните тела беа пронајдени во близина на куќата во која Џорџ живееше со своите родители.
Сите поротници во судскиот процес беа белци. Судењето на момчето траеше само 2 часа, а беше осуден на смрт само 10 минути подоцна. На родителите на Џорџ не им беше дозволено да присуствуваат во судцината за време на судењето и да бидат со момчето кое беше до смрт преплашено од целата ситуација.
Пред погубувањето, Џорџ помина 81 ден во затвор без можност да се види со своите родители. Го држеа во изолација 80 милји подалеку од родниот град. Не можеше со никого да се види, ниту да разговара. Имаше право да се брани сам, без присуство на адвокат и родителите.
Џорџ беше усмртен со струен удар на главата од 5.380 волти. Висок само 150 сантиметри и тежок 43 килограми, Џорџ беше најмладата личност осудена на смртна казна. Беше толку низок што на столот за погубување мораше да стават книги за главата да му достигне до електродата.
70 години подоцна, неговата невиност конечно беше докажана од судија во Јужна Калифорнија. Девојките починале од удар со греда во главата. Деталот дека гредата тежела 19,07 килограми упатува на тоа не постоел никаков физички возможен начин малиот Џорџ да ја подигне истата, а не пак да ги убие со неа девојчињата.