Погребан со 6 милиони долари – планирал да го подмити лично Господ со нив


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Како земја во која корупцијата и митото сè повеќе се наметнуваат како правило, а не како исклучок, не сме баш луѓе кои се вознемируваат кога ќе разберат дека некој сакал или успеал да подмити некого. Но, случајот на 53-годишниот Чарлс Обонг од Уганда навистина ги надминува сите мерки и граници на човековиот порив да корумпира и поткупува буквално сè и насекаде.

Обонг барал од сопругата да го погреба со голема количина на пари за да го подмити Господ и со парите да го замоли да му ги прости сите гревови.

Обонг работел како висок службеник во администрација и со години собирал пари кои планирал со себе да ги однесе во гроб. Неговиот зет ја потврдил информацијата дека Чарлс барал од неговата сопруга да го погреба со околу 6 милиони долари. Парите имал намера да му ги даде на Господ во замена за простување на гревовите кои ги направил додека бил жив.

Чарлс долго време имал проблеми со здравјето и последните денови од животот ги помиал планирајќи што ќе му рече на Господ кога ќе се сретнат на Судниот ден.

Погребан е на северот на Уганда, но неговиот мир не траел долго со оглед на тоа што гробот наскоро бил ограбен.