Погодува во најмекото: Волчев ја расплака класичната гитара со народната„Со маки сум се родила“


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Кристијан Волчев е дел од рок бендот Grey, а ова е негова интимна класична инструментална преработка на народната „Со маки сум се родила“, како што вели самиот, побудена и инспирирана од лична тага и тажно чувство поради серија непријатни настани кои му се случиле во еден период.

Изведбата е комбинација од класична гитара и фламенко техника, дополнително збогатени со симултан перкусионистички звук, за да се долови македонскиот фолклорен звук. Со наши зборови кажано, дечково ја расплака гитарата. Секоја чест.