Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Кристијан Волчев е дел од рок бендот Grey, а ова е негова интимна класична инструментална преработка на народната „Со маки сум се родила“, како што вели самиот, побудена и инспирирана од лична тага и тажно чувство поради серија непријатни настани кои му се случиле во еден период.
Изведбата е комбинација од класична гитара и фламенко техника, дополнително збогатени со симултан перкусионистички звук, за да се долови македонскиот фолклорен звук. Со наши зборови кажано, дечково ја расплака гитарата. Секоја чест.