Погледот од Кејт Мидлтон кој ја смрзна Камила


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


После завршувањето на „венчавката на векот“ помеѓу принцот Хари и Меган Маркл, медиумите и јавноста до детал ги анализираше младенците од секој аспект, па дојде време и за малку подетална анализа на однесувањето и на официјалните гости.

Прва која се најде на мета беше девојката која пред седум години беше на местото од Меган, Кејт Мидлтон. Камерите го уловија нејзиниот необичен израз на лицето во моментот кога американскиот бискуп Мајкл Кари ја држеше својата несекојдневна проповед, која го вклучуваше и ропството на Мартин Лутер Кинг Јуниор. На моменти и младенците се смееја на зборовите од свештеникот, но изгледа дека за Кејт сето тоа не беше толку смешно.

Камерите ја снимија како под око ја гледа сопругата на принцот Чарлс, Камила Паркер Баулс, после што Камила ја сврте главата на друга страна. Што толку је изиритира Кејт останува непознато.

Таа на свадбата се појави во модно издание со потпис од Александар МекКвин, кое веќе го има носено во неколку други прилики. Многумина тврдат дека намерно избрала стара модна комбинација, а не стокмила нешто ново и свежо за свадбата на својата јатрва.