Погледнете со што Доналд Трамп му се чаламеше на Ким Јонг-ун


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Покрај многуте интересни и занимливи моменти од историската средба на американскиот и севернокорејскиот лидер, Доналд Трамп и Ким Јонг-ун, светските медиуми како дефинитино најчуден и најбизарен го одбраа оној кога Трамп на Ким му се фалеше со својот „ѕвер“.

Станува збор за оклопно возило маскирано во лимузина. Трамп, според лондонски Daily Mail, му дозволи на лидерот на Северна Кореја привилегија каква што имаа само ретки државници преку отворената задна врата на специјално дизајнираниот кадилак да ја види внатрешноста на претседателскиот автомобил.

Ова, како што известуваат медиумите, се случило за време на дружењето на двајцата претседатели при прошетката околу хотелот Капела, по работниот ручек, кога претседателот на САД го повел Ким Јонг-ун да му го покаже својот „ѕвер“, како што нагалено го нарекува робусното блиндирано претседателско возило вредно 1,6 милион долари.

Според Daily Mail, Трамп очигледно имал намера да го импресионира својот колега, инаку лидер на една од најизолираните и најсиромашни држави.

На снимката може да се види дека Ким погледнува во возилото, а според изразот на лицето, не може да се заклучи дека е претерано воодушевен.