Галерии

Погледнете колку сме ОСАМЕНИ во светот на технологијата во кој никогаш не сме сами

Уште поголема иронија е ако оваа статија ја читате и овие фотографии ги гледате на вашиот мобилен уред – смартфон, таблет или слично. А веројатноста дека го правите токму тоа е голема.

Е сега, ако е така, замислете во истот миг додека го читате ова, вашиот мобилен уред да исчезне од вашите раце. Како би се чувствувале? Осамено? Малку откачено?

Факт е дека генерално, како модерно технолошко општество, буквално сме вшмукани во екраните од нашите смартфони и таблети кои ги носиме секаде и постојано со нас, дури и кога се собираме на семејни збиранки, ручеци, дружби со пријателите, годишни одмори, викенд опуштања.

Американскиот фотограф Ерик Пикерсгил, инспириран од оваа фактичка состојба, реализираше еден интересен фотографски проект преку кој сака да ја потсети и предупреди пошироката публика и јавност колку чудно би изгледале нашите појави во пози во какви што сме кога ги користиме електронските уреди, но без самите „гаџети“ во рацете.

Истовремено, сака да предупреди колку осамени, всушност, сме ние, задлабочени во малите екранчиња и колкави јазови се создаваат меѓу нас, луѓето, заради зависноста од смартфоните и таблетите.

Advertisements
To Top