Погледнете како Закерберг и Гејтс се зезаат меѓу себе оти не завршиле факултет


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Марк Закерберг „тежи“ повеќе од 55 милијарди долари, додека Бил Гејтс има уште 30 милијарди повеќе од него.

Со своите компании се заслужни за светот каков што денес го знаеме, за највлијателните технолошки платформи на модерното време. И Microsoft и Facebook драматично го сменија начинот на комуникација меѓу луѓето, а уште една работа која овие двајца технолошки великани ја имаат е откажувањето од факултетското образование, поточно од престижниот Харвард.

via GIPHY

CEO на Facebook се враќа на Харвард на 25 март, кога ќе одржи воведен говор за бруцошите, а со самото тоа ќе добие и почесна диплома. Во меѓувреме, веројатно најпознатиот тандем кој се откажал од факултетското образование и останал без факултет добро се шегуваа меѓу себе на таа сметка.

„Тоа е најдобриот дел, тие всушност ти даваат диплома“, му вели Гејтс на Закерберг на шега. Бил Гејтс, исто така, одржа говор и доби почесна диплома на Харвар уште пред десет години, пренесува Business Insider.

„Малку иновации и изуми во модерното време можат да му парираат на Facebook во влијанието кое го имаше на поле на меѓучовечката комуникација ширум светот“, објаснува претседателот на Харвард, Дру Фауст во образложението за тоа зошто 366-от „воведен говор“ на Харвард му го доделиле на Марк.

Закерберг го напушти Харвард во 2004 година, за време на својата втора студиска година и се пресели во Пало Алто, каде за брзо време си го исполни својот сон. Во изминатите 13 години, Facebook прерасна во една од најскапите, најмоќните и највлијателни компании на светот.