Погледнете како треба да изгледа Манчестер Јунајтед следната сезона (фото)


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Откако заврши сезоната во Премиер лигата клубовите веќе почнаа да се спремнаат за летниот преоден рок, а јасно е дека многу тимови ќе доживеат големи промени.

Еден од нив сигурно е и Манчестер Јунајтед, кој зад себе имаше сезона за заборав, па „црцените ѓаволи“ се спремаат за „пеколно“ лето.

Јунајтед сака да создаде силен тим со кој конечно ќе се врати на самиот врв. Најголем проблем за клубот се фудбалерите кои имаат огромни плати, а не покажаа ништо.

Листата на „отпишани“ фудбалери е долга, а се погласни се шпекулациите дека ова лето од „Олд Трафорд“ ќе си замине и Давид де Геа, бидејќи се уште не го продолжил договорот.

Трансфер листата е навистина долга, а англиските медиуми денес објавија како би можел да изгледа тимот на Манчестер Јунајтед следната сезона.

За да се формира овој тим на „Олд Трафорд“ треба да пристигнат: Силесен, Кулибали, Дибала, Зијех, Ван-Бисака и Лонгстаф.