Home Спорт Погледнете како Рамос повторно го спаси Реал

Погледнете како Рамос повторно го спаси Реал

Ако Реал Мадрид сезонава ја освои Ла Лига, најзаслужен за тоа сигурно ќе биде стоперот Рамос. Откако во минатото коло му донесе бод на Реал во Ел Класико со гол со глава во последните мигови од мечот, шпанскиот дефанзивец го повтори истото, овојпат против Депортиво за 3:2.

Серхио Рамос како да се специјализира за решавачки голови во последните мигови. Прво му донесе трофеј во ЛШ во 2014, откако постигна израмнувачки гол против Атлетико во последните мигови од мечот, а сега за само две недели постигна два клучни гола за неговиот Реал во трката за Ла Лига. Минатото коло не и дозволи на Барселона да се приближи на минус три во Ел Класико, а ова коло го повтори истото откако против Депортиво стрелаше прецизно со глава во последните мигови од мечот.

Погледнете ги најинтересните моменти од мечот:

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Прва светска титула во кошарка за Германија

Германската кошаркарска репрезентација на сензационален начин стигна до својата прва титул…