Погледнете како малиот Муртаза Ахмади не сакаше да го напушти Меси


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Цел свет беше трогнат од приказната за малиот Муртаза Ахмади кој самиот со најлони си направи дрес од неговиот идол Лионел Меси. Веста со брзина на светлината го обиколи светот, а на ревијалниот меч во Катар, каде се сретнаа Ал Ахли против Барселона, домаќинот – спонзорот Катар Ервејс му приреди прекрасно доживување на Муртаза.

Имено 6-годишното Афганистанче не само што се сретна со Меси, туку ја имаше честа и заедно со него да истрча на теренот, од каде не сакаше да го напушти неговиот идол. Погледнете ги овие прекрасни кадри: