Погледнете како би изгледал новиот флексибилен екран на Samsung

Samsung

Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


По се изгледа дека дојде крајот на чекањето на новата генерација на флексибилни екрани. Наводно тие ќе се појават во јануари наредната година.

Овој гигант по се изгледа има намера да претстави такви смартфони на саемот Consumer Electronics Show, тој уред најверојатно ќе го носи името Galaxy X.

Претставникот на Samsung mobile business потврди дека компанијата ќе претстави флексибилни екрани за смартфони, но тоа од наредната година.

Сеуште не е познато дефинитивно како ќе изгледа новиот прозивод, но идејата веќе е на хартија уште од октомври.

Скиците прикажуваат смартфон со прекшување во централниот дел на уредот. Тој потсетува многу на телефоните со преклоп.

Па останува уште да почекаме да дојде 2018 година, и да ја видиме оваа иновативност од страна на Самсунг.