Погледнете како 16.000 тони челик исчезнуваат за 16 секунди


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


„Кулата Мартин“ е облакодер во Пенсилванија (поточно не Е, туку БЕШЕ) кој беше срушен за само 16 секунди.

Станува збор за некогашното седиште на компанијата Bethlehem Steel, во која беа вградени дури 16.000 тони челик при изградбата на истата. „Кулата Мартин“ имаше 21 кат и беше висока 101 метар. Беше пуштена во оптек во 1972 година, но изминативе 12 години беше напуштена.

Огромната и габаритна структура, и покрај својата цврста конструкција, со контролирана експлозија беше срушена за само 16 секунди. Вака изгледаше целиот процес на рушење.