Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Шпанката Сандра Санчез, позната како „кралица на катите“, го освои златниот медал во кати на Олимпијадата во Токио, победувајќи ја во борбата за олимпискиот трон домашната фаворитка, Јапонката Кијоу Шимизу.
39-годишната Санчез овој златен олимписки медал во премиерниот турнир во кати на една Олимпијада го додаде на нејзината импресивна трофејска колекција во спортот во кој во женска конкуренција доминира со години.
Отпишана како стара во конкуренција за златото, Сандра во дуелот со 27-годишната Шимизу приредија совршено финале во Нипон Будокан арената, јапонскиот храм на боречките вештини, финале кое Санчез го доби со тесен резултат од 28.06 наспрема 27.88. Еве го нејзиниот шампионски настап.