Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Жозе Мурињо е на чекор да освои уште еден европски трофеј и тоа во првата сезона на клупата на Манчестер Јунајтед.
Синоќа „црвените ѓаволи“ ја елиминираа Селта и се пласираа во финалето каде ќе играат против тимот на Ајакс.
„Требаше се да завршиме во првиот натпревар, но никогаш тоа не го правиме. Никогаш не постигнуваме доволно голови во споредба со шансите кои ги правиме. Селта одигра добар меч, се беше отворено до последната секунда. Момците не одиграа соврешено, но се бореа и дадоа се од себе“, изјави Мурињо, кој потоа ја прокоментира масовната тепачка на теренот.
„Не го видов инцидентот. Натпреварот беше емотивен до самиот крај. Баи испадна многу наивен, но не видов точно што се случи. Во секој случај загубивме важен играч за финалето“, изјави Португалецот.
Додека го даваше интервјуто Мурињо не знаеше сеуште како завршил натпреварот помеѓу Лион и Ајакс и против кого ќе игра во финале.
„Со кого играме во финале? Лион? Каков е резултатот?“, прашуваше „Специјалниот“, а кога дозна дека ќе игра со Ајакс изјави.
„Ќе биде тешко во финале. Веќе го завршија првенството оваа сезона, имаат 12 дена да се спремат за финалето, нас не чекаат уште три натпрвари од Премиер лигата, а немаме доволен број на играчи“.