Погледнете го вториот официјален трејлер за новото продолжение со Џејмс Бонд


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


„Мисија која менува сè“, тоа е новитетот кој го дознаваат фановите од трејлерот за филмскиот продолжеток „Нема време да се умре“ со Даниел Крег во главната улога.

Филмот требаше да пристигне во киносалите во април годинава, но поради пандемијата на коронавирус, премиерата беше одложена за ноември.

За филмот е познато и дека мирот на Бонд ќе го наруши неговиот стар пријател Феликс Лејтер од ЦИА, кој ќе побара негова помош. Мисијата за спасување на киднапираниот научник ќе се покаже многу поопасна отколку што се очекувало.

Во филмот ќе го видиме и оскаровецот Рами Малек кој исто така се појавува во трејлерот, како и новата девојка на Бонд, актерката Леа Сејдо.