Погледнете го првиот трејлер за продолжението на sci-fi класика Blade Runner 2049


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Милиони обожаватели на sci-fi класиката од култниот Ридли Скот од 1982 година, Blade Runner; минатиот Божиќ можеа да видат неколку кадри од нестрпливо очекуваното продолжение кое во кино салите доаѓа на 6 октомври, оваа година.

Blade Runner 2049 е потпишан од Денис Виленова, автор на sci-fi хитот Arrival, со кој оваа година собра и номинација за Оскар. Во Blade Runner 2049 Харисон Форд повторно е во комбинација со ликот на Рик Декард, а Рајан Гослинг е полицаецот К.

Конечно, сега го добивме и првото најавно видео за ова продолжение чие дејство се случува триесет години после настаните прикажани во првиот филм. Полицискиот службеник К. од Лос Анџелес открива долго закопана тајна која има потенцијал да го турне остатокот од општеството во целосен хаос. Тоа откритие го води низ испустените области во потрага по Рик Декард, бивш blade runner, кој исчезнал пред триесет години.

Во филмот според сценариото на Хемптон Фанкер (кој го напиша и првото сценарио според дело на Филип К. Дик „Дали електричниот овци сонуваат андроид“) и Мајкл Грин (Logan и Alien: Covenant) глумат и Џеред Лето, Мекензи Дејвис, Робин Рајт, Ада де Армас и Дејв Батиста. Ридли Скот, режисер на оригиналот, овој пат е во улога на извршен продуцент.