Спорт

Погледнете го потегот кој треба да биде пример за сите спортисти во светот!

Невројатен фер-плеј потег се случи во петата германска лига на натпреварот Боколт и Баумберг, а јунакот на приказната е напаѓачот на домашнот Антонио Муноз.

При една акција на Боколт Муноз беше соборен во противничкиот шеснаесетник, а судијата веднаш покажа на белата точка.

Противничките фудбалери веднаш го обиколија судијата и почнаа да протестираат, па во моментот кога судијата беше решен да покаже и жолт картон на еден од нив дојде Муноз и призна дека не бил фаулиран.

Тогаш главниот делител на правдата веднаш ја промени својата одлука, а фудбалерите на Баумберг беа воодушевени од потегот на Муноз, па еден од нив дури и го бакна.

Треба да се нагласи дека Муноз ваквиот потег го направи кога неговиот тим губеше со 2:0 и тоа беше единствена шанса да се врати во игра на натпреварот. Секоја чест!

Advertisements
To Top