Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Гордоста на македонската метал-кор сцена, групата „Смат” (SMUT) го промовира својот нов видео-спот за песната „ВО МОЈОТ ГРАД”, кој од денеска е објавен на „Јутјуб” каналот на Владимир Митревски, режисер на видеото.
„Песна од големо значење и емоција за сите нас. Песна посветена на луѓето кои сакаат да прикриваат убиства, кои ги користат тие убиства за своите маркетинг кампањи. Посветена на луѓето кои без грам совест ќе искочат на ТВ екраните и со тажен поглед глумат невини жртви. А вистинските жртви сѐ уште имаат име. Запомнете ги Мартин, Тамара и децата од Смилковско Езеро. Тие не беа ваша кампања и не беа дневен проблем од кој треба да се решите. Знаеме дека ние нема да го заборавиме моментот кога нашиот град не беше повеќе наш!” – наведуваат „Смат” во најавата за новиот спот.
Видеото за „Во мојот град” е воедно и прв видео-запис од новиот албум на „Смат” – „Тие се насекаде”. Овој албум e петто студиско издание во досегашната, повеќе од 20-годишна кариера на бендот кој е основоположник на метал-кор стилот во регионов и важат за една од најценетите групи во овој дел од Европа. „Тие се насекаде” беше објавен во мај годинава, а наскоро бројната публика на „Смат” ќе има можност да биде дел и од официјалната скопска концертна промоција на албумот во рамки на главната вечер на јубилејниот 20-ти ТАКСИРАТ ФЕСТИВАЛ.