Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Претпоследниот натпревар од 6. коло во Серија А, донесе вистинско лудило и невидена драма во самиот финиш од мечот. По израмнување, па потоа и потенцијален гол за победа во 95. минута и два црвени картони, Јувентус остана без победа и мораше да се задоволи со 2-2 против Салернитана. Иако лесно можеше да остане и без тој еден бод.
Салернитана поведе во 18. минута со голот на Кандрева, за длабоко во судиското надополнување на првиот дел, Пјатек од пенал зголеми на 0-2.
Јувентус се врати во игра на стартот од вториот дел, Бремер намали на 1-2. Избраниците на Алегри потоа силно притискаа, но Салернитана одолеваше се до финишот, кога судијата покажа на белата точка.
Бонучи ја превзеде одговорноста, го промаши пеналот но прв стигна до одбиената топка и изедначи на 2-2.
Кратко потоа, во 95. минута Милик по еден корнер реализираше за 3-2 и огромна радост, но ВАР го спречи славјето.
Бонучи беше во офасајд, и иако не ја допре топката, судиите сметаа дека дефанзивецот имал намера и влијаел на играта па го поништија голот. Додека траеше прегледувањето, настана мешаница по која црвени картони добија Квадрадо, Алегри и Фазио.
Претходно Милик доби втор жолт картон и беше исклучен откако при прославата на голот го соблече дресот.
Еве го целосниот преглед од натпреварот.