Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Нова серија импресивни и восхитувачки кои ги направи телескопот Џејмс Веб беа објавени за јавноста од страна на вселенската агенција НАСА.
Новите снимки ги откриваат деталите на „расадникот на ѕвезди“, сфера од гас околу ѕвезда што умира и „вселенски танц“ помеѓу група галаксии.
Фотографијата објавена завчера го даде досега најјасниот поглед на далечните галаксии и светлина од пред 13 милијарди години; беше откриена на огромна радост во научниот свет.
„Има толку многу детали овде – ги гледаме овие галаксии какви што никогаш порано не сме можеле да ги видиме. Има острина и јасност што никогаш не сме ги имале. Ве охрабрувам да зумирате – можеме да видиме како се формираат поединечни кластери од ѕвезди, кои едноставно се испукуваат како пуканки“, вели д-р Џејн Ригби, астрофизичарка во НАСА.
Јужниот прстен, или маглината „Осум пукнатини“, е џиновска сфера од гас и прашина што се шири, која е осветлена од ѕвезда што умира во центарот.
Како што стареат ѕвездите, тие го менуваат начинот на кој создаваат енергија и ги исфрлаат своите надворешни слоеви.
И тогаш, кога ѕвездата повторно ќе стане многу жешка, таа го стимулира целиот тој материјал што претходно го отфрлила, вели Би-би-си.
Јужниот прстен е со дијаметар од речиси половина светлосна година и се наоѓа на околу 2.000 светлосни години од Земјата.
Овој тип на структура се нарекува „планетарна маглина“, но всушност нема никаква врска со планетите.
Тоа е погрешен назив уште од раните денови на телескопите кога тие ни приближно ја немаа резолуцијата што ја имаат денес.
И исто како што Веб сака да види како се раѓаат ѕвездите, исто така сака да види и како тие умираат.
Фотографијата е „пенлива“ со јасно структурирани школки, а портокаловата пена се должи на молекуларниот водород што се формирал при експанзијата, осветлувајќи ги гасот и прашината на маглината (тело од меѓуѕвездени облаци).
Сината магла поблиску до центарот на сликата се должи на врелиот јонизиран гас што се загрева од многу жешкото преостано јадро на ѕвездата.
Зраците во надворешните региони се дупките во внатрешната маглина што ја пуштаат светлината од централните ѕвезди да извира, давајќи изглед на раздвоени облаци низ кои сјае Сонцето.
На околу 290 милиони светлосни години од нас, Стефановиот квинтет се наоѓа во соѕвездието Пегаз.
Забележителен е по тоа што е првата компактна група галаксии некогаш откриена.
Четири од петте галаксии во квинтетот водат вселенски танц на повторени блиски средби.
Оваа слика од телескопот Веб на прв поглед не изгледа толку различно од верзијата на телескопот Хабл, но инфрацрвената деликатност на новиот телескоп ќе извлече поинакви карактеристики што астрономите ќе ги проучуваат.
Маглината Карина беше снимена и од телескопот Хабл – претходникот на Веб – иако во верзијата на Веб добиваме многу поинаков приказ.
Карина е една од најголемите и најсветли маглини, која се наоѓа на приближно 7.600 светлосни години од Земјата. Маглините се ѕвездени расадници.
Тие се масивни облаци од гас и прашина во кои се формираат нови ѕвезди.
Само што, на оваа слика на Веб не ги гледаме само ѕвездите – нашите очи се привлечени и од сиот тој гас и прашина.
Астрономите ова го нарекуваат „вселенски гребен“ – вид широка граница помеѓу прашината во долната половина, а потоа гасот во горната половина.
Една од клучните научни цели на Веб е да проучува како се формираат ѕвездите, а Карина е одлично место за тоа.
Вселенскиот телескоп Џејмс Веб, вреден 10 милијарди долари, е наследник на познатиот вселенски телескоп Хабл.
Неговите клучни цели вклучуваат фотографирање на првите ѕвезди што сјаат во универзумот и пронаоѓање населиви планети надвор од нашиот Сончев систем
„Можеме да видиме можности што никој досега не ги видел. Можеме да одиме на места што никој досега не отишол“, рече американскиот претседател Џо Бајден.
Сликите стари 13 милијарди години
Сликите што ги гледаме досегнуваат наназад до 13 милијарди години, вели НАСА.
„Брзината на светлината е 186.000 милји (300.000 километри) во секунда и таа светлина патува 13,5 милијарди години – само околу неколку стотици милиони години по почетокот, тоа е прагот што го преминуваме.“
Ова е досега најголемата меѓународна програма за вселенска наука и голем инженерски подвиг „за човештвото и планетата Земја“.
На светлината од сонцето ѝ се потребни 8 минути за да стигне до нас, така ние ѕвездата ја гледаме таква каква што била пред осум минути.
Кога сонцето би исчезнало, нам би ни биле потребни осум минути за да го забележиме тоа.
На светлината од некоја далечна ѕвезда можеби би ѝ требале многу години за да стигне до нас низ вселенското пространство, така што ние би ја гледале таква каква што била пред многу години.
Светлината од првите ѕвезди го почнала своето патување пред милијарди години, така што Веб ќе ги види тие ѕвезди такви какви што биле пред милијарди години, објаснува НАСА.