Погба незадоволен, притиска за трансфер во јануари


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Пол Погба ќе направи се што е во негова моќ за да го напушти клубот во јануари, пренесуваат англиските медиуми.

Французинот сакаше да си замине уште во летниот преоден рок, но до трансфер не дојде. Клубот од „Олд Трафорд“ дури се обиде да му понуди нов договор, но тој нема намера да ја продолжи соработката.

Пред неколку дена се појави информација дека Мино Раиола за својот клиент ќе побара неверојатна плата од 600.000 фунти неделно и со тоа ќе му даде до знаење на Манчестер Јунајтед дека Погба сака да си замине.

Самиот Погба не е задоволен во клубот и смета дека неговиот статус не одговора на неговите квалитети. Тој пред два дена се врати од повреда и беше во стартниот состав, но не ја доби капитенската лента која ја носеше младиот Аксел Туанзебе.После тоа Погба не беше избран дури ни во петмината фудбалери кои ги изведуваа пеналите.

Желбата на Погба е да се пресели во Реал Мадрид или во Јувентус и сака што е можно побрзо да го напушти Манчестер Јунајтед.