Погба ја нападна новинарката, а потоа сфати дека погреши (видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пол Погба гостуваше во француската „TF1“ телевизија, а минутите пред камера ги искористи за да и „одржи лекција“ на една новинарка.

Погба и се обрати на водителката Ана Клер за да и одговори на изјавата „Фудбалерите се милионери кои трчаат по топката“.

Меѓутоа, ништо немаше да биде спорно ако Погба не ја погрешеше новинарката. Таа изјава ја даде Ана Софи која работи за друга телевизија.

„Па тоа не го кажав јас“, низ смеа му одговори водителката, а Погба откако свати дека погрешил одговори „Тогаш тоа е за таа која што го кажа ова, верувам дека го гледа ова“.