Погба е прескап, Јувентус тргнува по ѕвездата на Ајакс


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Јувентус е во потрага по квалитетен играч за врска, а најголема желба на „бјанконерите“ беше Пол Погба.

Французинот сака да се врати во Торино, но преголемите финансиски барања на „црвените ѓаволи“ го прават тој трансфер „невозможен“.

Манчестер Јунајтед за слободата на Погба бара најмалку 130 милиони евра, сума која Јувентус не е спремен да ја плати, па поради тоа почна да разгледува други алтернативи.

Италијанските медиуми тврдат дека „старата дама“ сега се насочила кон ѕвездата на Ајакс, Ван де Бек, кој оваа сезона блесна и го привлече вниманието со своите настапи во Лигата на шампиони.

Младиот Холанѓанец е на мета на многу европски гиганти, но Јувентус е спремен да ја победи конкуренцијата и веќе стапил во контакт со неговиот агент.

Ајакс за слободата на Ван де Бек бара помеѓу 50 и 60 милиони евра, сума која Јувентус наводно е спремен да ја плати.