Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Ламба во нејзинот сон гори
и мачка гази со кадифените шепи.
И додека шума со шума во темнината спори
се раѓаат езера невини и слепи.
Таа е неподвижна како затворена книга
но неми слики во неа се движат.
Пред портата на куќата лежат риба, ѕвезда, тигар,
и виснатата рака со јазици ѝ ја лижат.
Каде ја носи бранот и кој очите ѝ ги шири
пред која глетка, пред кое чудо, седмо, осмо?
Кој ја води – рибата во кој ли прилив,
тиrарот во која шума, ѕвездата во кој ли космос?