Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Тако ти Бога, девојко“ е првата запишана македонска народна песна која потекнува од Костурско.
Во XVI век, високот службеник на римската црква, протосинѓелот Силвестер, на враќање од Ерусалим за Рим, поминал низ Македонија. За да се одмори малку, кратко време се задржал во Костур. Со жива заинтересираност за луѓето и средината во која се одмора, високиот римски прелат запишал извесен број зборови и реченици од секојдневниот говор на костурчаните и ги зачувал од заборавот на времето. Со тоа, тој го создал и првиот македонски речник. Истовремено слушајќи ги костурчаните како, вечерта, пееле, запишал и три македонски народни песни, кои претставуваат најстар запис од македонското народно творештво.
По враќањето во Рим, големиот протосинѓел од Ерусалим, Силвестар, своите записи ги подарил во 1619/20 година во црквата Св. Петар. Подоцна овој грчки ракопис (№ Ц 152) од библиотеката на Скупштината на канониците на црквата Св. Петар во Рим, ќе биде пренесен во Ватиканската библиотека, каде и ден денес се чува.
Тако ти Бога, девојко,
как те зовет на име?
О, друшко, ле, жиф ти очи,
ходи овамо зарви ме,
Твојто ти целивање,
ти се молам дарви ме,
Што си лепа, што си, ле, бела,
Што си бела, што те љубам девојко!
Ела мое паригорие,
да те целивам во устата,
Како овоштие ме мирисет,
Штото роди крушата,
Тако ти вишнего Бога,
Не ми везми душата.
Што си лепа, што си ле бела,
Што си бела, што те љубам девојко!
До кога серденце моја,
Скривом да се љубиме,
Со страхови преголеми,
Денови да се губиме,
Ела, станви, поврага, ходи,
Да се вземиме.
Што си лепа, што си ле бела,
Што си бела, што те љубам девојко!