Advertisements
Култура

Поезија за душа: Славко Јаневски – „МОЛИТВА“

МОЛИТВА

Не самувај. Сам сум.
Забуцај ги забите до корен
во стеблото на мојот ’рбет.
И држи се. Одам.
Бел е сртот што нè чека.
Не самувај. Сам сум.
Забуцај ги прстите до лактот
во модрите пени на мојата коса.
И држи се. Пливам.
Зелено е дното што нè мами,
дното на едно море.

Не оставај ме сам. Немој.
Не самувај со мене. Денес.
И не мисли дека сме мали
зашто е една трева над нас.
И не мисли дека сме чеда
на една земја
зашто ни е гнездо еден камен.
И не е,
и не е Сонцето злотвор
што лежи во нашите жили.

Фотографија: Александар Еленин („Материјална слоевитост на духовниот восторг“, манастир с.Зрзе)

Advertisements

Најпопуларно

To Top