Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Вчера беше Прочка, убав и голем празник кога сите си простуваат меѓу себе за сето она кое си го згрешиле еден на друг во текот на изминатата година. Во чест на тој празник, денеска една прекрасна поетска творба од Петре М. Андреевски.
Проштенски поклади
Денеска секој секому проштава.
Денот ѝ проштава на ноќта,
ноќта – на денот
што ѝ краде од времето.
Земјата му проштава на небото,
небото ѝ проштава на земјата
што се шета низ неговите одаи
и се грее на неговиот оган.
Огнот ѝ проштава на водата,
водата на лошата наречница
што ѝ нарече, што ѝ прорече:
да нема ни лице, ни опачина,
ни своја сенка, ни своја куќа,
да нема кај да запре, да се почине.
Денеска секој секому проштава.
Само јас не можам да им простам
на зборовите што не го кажале
и она што не е за кажување…