ПОЕЗИЈА ЗА ДУША: „На Рацин“ – во чест на 80 години од неговата смрт


Никогаш не мислев дека ќе зборам за мојата состојба на поткаст! ВТОРНИК/20:00 часот ↓↓↓


Поминуваш болежливо.

Водата ти ги брои раните
слични на капинкови цветови.

Не знаеш дека во долот те чека
Кошутата на смртта.

Додека се загледуваш во изворот
змиите на ветрот
се клопчат за скок.

Потоа сè е како во сон.

Само пеперугата од срцето
ловците
не ја најдоа.

Михаил Ренџов