Поезија од Стефан Марковски објавена во бугарско списание


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во новиот, 13-ти број на списанието „Нова социјална поезија” (http://novasocialnapoezia.eu/) од Р. Бугарија е застапена поезија од македонскиот писател Стефан Марковски под наслов „Ветена земја”.

Поезијата на Марковски е во препев на поетот и преведувач Владимир Луков, член на раководството на Сојузот на слободните писатели на Бугарија. „Ветена земја” претставува необјавено поетско дело на Марковски.


Покрај поезијата од Марковски, во изданието се застапени авторите: Венцислав Арнаудов, Владимир Раденков, Александар Николов, Владимир Сабоурин, Димитар Пејчев, Жан Оризе, Марко Видал и други.

„Нова социјална поезија” е бугарско литературно списание кое опфаќа широк дијапазон области, вклучувајќи: поезија, проза, литературна критика, ликовна критика, есеистика и општествени теми.

Промоцијата на 13-от број од списанието е закажана на 9 септември во Софија, Р. Бугарија.