Поевтинува греењето на пелети


Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓


Од оваа година стапува на сила повластенатa даночна стапка за печки на пелети, како и за пелетите, што значи дека данокот на додадена вредност за за нив од 18 проценти се намали на 5 проценти, објавено е во Службен весник. Тоа треба да се одрази и на крајната цена и да ги направи подостапни за потрошувачите.

Пелетите се промовираа како една солуција за намалување на загадувањето, како и за поекономично загревање на домовите.

Во нивното производство и продажба се вклучува и јавното претпријатие Македонски Шуми од каде пресметката е дека ако едно домаќинство троши три тона пелети во сезоната, тогаш со намалениот ДДВ ќе направи заштеда од најмалку 5 илјади денари.

Пелетите имаат убедливо најмала емисиона вредност во однос на јагленот, нафтата и огревното дрво. Печките, шпоретите и камините на дрва имаат фактор на загадување 9 пати поголем поголем отколку тие на пелеети, а старите печки на дрва загадуваат и до 20 пати повеќе.

Субвенции за покрива на 70 проценти од трошокот или најмногу до 30 илјади денари за набавка на печки и котели на пелети најави и државата, а град Скопје веќе додели субвенции на 196 домаќинства од општинскиот буџет.