Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Денес 28-годишниот Британец Џејмс Есквит е најмладата личност која ги има посетено сите 196 држави во светот, подвиг кој успеал да го реализира до својата 24-та година, благодарејќи на што и влезе во Гинисовата книга на рекорди.
Есквит, роден во Сасекс, но најголемиот дел од животот бил во Лондон, од мал штедел пари, работејќи „ситни работи“ каде и да можел и стигнел. Кога имал 12 години им ги миел возилата на соседите, а за роденден и Божик барал пари наместо подароци.
До 18-та година Есквит заштедил „пристојна сума“, по што паузирал со школувањето една година и отпатувал со пријателите во југоисточна Азија.
Она што почнало како тримесечно патување, се претворило во тура по целиот свет, која траела пет години, меѓу кои Есквит ги посетил и од војна зафатените Авганистан и Сомалија.
„Она што отсекогаш сум сакал да направам по посетата на секоја од тие држави е да го отворам светот на патувањата за уште повеќе и за речиси беа трошоци. Така се роди идејата за апликацијата Holiday Swap“, наведе 28-годишниот Есквит во изјавта за Танјуг.
Целта на апликацијата е да се охраброт луѓето повеќе да истражуваат и да им се овозможи размена во поглед на сместувањето, а сето тоа со голем удел на општествена и медиумска поддршка.