Поднесена иницијатива до Уставниот суд за укинување на референдумот


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Светскиот Македонски Конгрес (СМК) денес поднесе иницијатива до Уставниот суд на Македонија за поништување на Одлуката за распишување на референдум, што ја донесе Собранието на Македонија на седницата одржана на 30 јули 2018 година.

Во согласност со членот 50 став 1 од Уставот, СМК побара Уставниот суд да реши по иницијативата врз начелата на приоритет и итност, поради заштита на слободите и правата утврдени со Уставот.

СМК во иницијативата наведува дека Oдлуката за распишување на референдум од 30 јули 2018 година не е во согласност со членот 8 став 1 алинеја 3, членот 51, членот 52, членот 75, членот 118, членот 119 и членот 120 од Уставот на Република Македонија и со членот 15 ставовите (3) и (4) од Законот за референдум и други облици на непосредно изјаснување на граѓаните како и со меѓународното право: Меѓународниот пакт за економски, социјални и културни права, Меѓународниот пакт за граѓански и политички права, Универзалната Декларација за човекови права, Повелбата на фундаменталните права на Европската Унија и Виенската конвенција за договорното право потпишана на 23 март 1969 година во Виена.

СМК во иницијативата до Уставниот суд побара времена мерка до одлучување, поради штетните последици од спроведувањето на референдумот по Буџетот и јавните фондови односно даночните обврзници, слободите и правата на државјаните и внатрешниот правен поредок на државата Македонија!

„Собранието со референдумот ги наведува избирачите да гласат по меѓународен договор кој не е склучен во согласност со Уставот на Република Македонија и не е дел од внатрешниот правен поредок на државата, а истовремено ја доведува Република Македонија во положба на потчинетост и зависност спрема друга држава, односно Република Грција. Според член 308 од Кривичниот законик, “Граѓанин кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава, ќе се казни со затвор од најмалку пет години“. Референдумското прашање создава правни последици што се основа за кривично дело и поради тоа ги доведува избирачите во заблуда да гласаат за “озаконување“ на меѓународен договор чие извршување пред да стапи во сила Законот за негова ратификација претставува кривично дело!“ – се вели во соопштението на Светскиот македонски конгрес.