Подготвува СВАДБА со мајката, а СПИЕ со ќерката: По оваа афера следуваше брутален одговор…


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Колумнистот и новинар, Дан Саваж често се сретнува со помалку бизарни љубовни проблеми.

На страницата „The Stranger“, можете да пронајдете катче насловено како „Savage love“. Многумина кои страдаат од љубовни проблеми, токму на тие страници се обидуваат да пронајдат одговори на своите проблеми.

Едно момче така одлучи да го праша Дан како да се извлече од љубовниот триаголник во кој, ниту помалку, ниту повеќе учествуваат мајка и ќерка.

„Мојата подобра половина и јас ретко имаме сексуални односи. Неодамна нејзината ќерка и јас имавме сексуални односи и продолживме да се гледаме со истата причина. Сега мојата подобра половина и јас мислиме да се венчаме. Нејзината ќерка и јас прекинавме, но повторно завршивме заедно по една недела. Сега се обидувам повторно да прекинам со ќерката, но не успевам. Молам за помош“, вели анонимниот маж.

„Океј, брак со жена со чија возрасна ќерка не можеш да го држиш „алатот“ во гаќите е лоша идеја. Кога таа жена со која планираш да се ожениш ќе дознае што се случува, тогаш вашата врска ќе биде уништена“, истакна Саваж.

Додаде дека единствено правилно би било да ја откаже венчавката и да побегне што е можно подалеку. Причината за тоа, како што вели Саваж, е тоа што во моментот кога ќе се дознае за аферата тој ќе страда краткорочно, додека односот на мајката и ќерката ќе биде трајно нарушен.