Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Хактивистичката група Анономус објавија ново видео во кое тврдат дека наскоро може да дојде до Трета светска војна и тоа поради тензиите околу Корејскиот Полуостров.
Подгответе се за она што доаѓа, предупредуваат во видеото објавено на Јутјуб. Тие истакнуваат дека Третата светска војна ќе биде глобално разурнувачка, како на ниво на животната средина, така и економско ниво.
Сите знаци на војната која се подготвува на Корејскиот Полуостров излегуваат на виделина. Гледаме како секоја земја повлекува свои стратегиски потези, но за разлика од претходните војни, иако ќе има војници на тлото, оваа борба ќе биде жестока, брутална и брза, порачуваат тие во своето видео.
Ова е вистинска војна со глобални последици, во која се вовлечени три велесили. Другите нации ќе бидат приморани да бираат страна, тврдат Анономус.
Во видеото тие цитираат извештаи во кои Кина им порачува на своите граѓани да ја напуштат Северна Кореја, неодамнешните тестирања на интерконтинентални балистички проектили од страна на САД, како и испраќање американски војници во Австралија.
Кинезите очајнички сакаат да избегнат војна. Оваа недела кинески функционери на САД и Северна Кореја, по бројните обиди за смирување на тензиите, им кажаа да се смират и да престанат да се иритираат едни со други. Прагматичните Кинези полека го губат трпението, тврдат Анонимус.
Непредвидливиот Доналд Трамп кажа дека ќе биде чест да се сретне со Ким Јонг Ун, но Шон Спајс го ублажи тој коментар истакнувајќи дека засега нема услови за таква средба, потсетуваат хактивистите.
Кога претседателот Трамп ќе почне да им се јавува на луѓе како Родриго Дутерте, за да види дали се на иста страна, тогаш мора да се прашаме што се случува. Сепак, дури и Дутерте го советуваше Трамп да не го чепка Ким Јонг Ун. Погответе се за она што следува, порачуваат Анонимус.