Подгответе се: После сонцето следува невреме


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес во попладневните часови времето ќе има локален пороен дожд и грмежи, особено во западните делови.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19, а дневната од 26 до 36 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје слично време, сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 16, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

Позначителна промена на времето ќе има од недела попладне, преку ноќта и во понеделник кога во поголем дел од земјава ќе има поројни врнежи од дожд со грмежи и засилен северен ветер, а локално се можни и поинтензивни процеси во форма на невреме. Во вторник ќе дува засилен северозападен ветер. Во понеделник и вторник дневната температура ќе опадне за шест до осум степени, а оваа промена особено ќе се почувствува на северот и на повисоките места.