Под закана со нож си ја силувал ќерка си – притвор за татко од Кавадарци


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Триесет дневен притвор за четириесет и едно годишниот М.А. од Кавадарци, кој во ноември годинава ја силувал сопствената ќерка. На претпоследниот ден од месецот, во периодот од 19 до 21 часот, во семејната куќа во Кавадарци, тој и се заканил со нож и ја силувал дванаесет годишна ќерка.

Овој грозоморен чин не се случил прв пат, според изјавата на мајката во полиција таткото ќерка си ја силувал во изминатите неколку месеци. Судија на претходна постапка му одреди мерка притвор во траење од триесет дена. Кавадарчанецот притворот го одлежува во Скопје.