Под гаранција со недвижен имот, Чавков излезе од притвор


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Апелацискиот суд во Скопје, пред три дена, ја потврди одлуката на Кривичниот суд Митко Чавков со недвижен имот да гарантира дека нема да избега ако излезе од истражниот затвор „Скопје“во Шуто Оризари, па така вчера тој го напушти притворот.

Обвинителството за организиран криминал поднесе жалба на одлуката на Кривичен, но Апелација ја одби со што одлуката станува правосилна.

Заради обезбедување присуство во текот на постапката се очекува судот да определи и мерки за претпазливост, односно привремено одземање на патната и друга исправа за преминување на државната граница како и обврска еднаш неделно да се јавува во судот.

Претходно Врховниот суд одлучуваше по жалбата на Чавков и го пушти во домашен притвор, но само ден подоцна кога беше подигнато обвинението за 27-ми април, со одлука на Кривичен тој беше вратен во „Шутка“.

Тогаш претседателот на судот извести дека полицијата не го пронашла Чавков на адресата определена од Врховен, а неговата одбрана одговори дека Врховниот суд погрешил и му впишал стан на МВР кој пред повеќе месеци го напуштил.