Под Атлантскиот Океан откриен најголемиот базен со слатка вода


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Научните истражувачи во близина на североисточниот брег од Соединетите Американски Држави, под Атлантскиот Океан, го открија досега најголемиот познат базен со слатка вода. Многу веројатно овој е најголемиот слатководен базен од таков вид во светски рамки, со површина која се протега од Масачусетс до Њу Џерси.

Пред 20.000 години Америка била покриена со глечери. Како што се топел мразот на Земјата, стопениот мраз формирал базени во близина на предисторискиот брег.  Со тек на време Атлантскиот Океан се издигнал над тие базени и ги заробил базените со свежа вода.

Новооткриениот слатководен базен е лоциран на 180 метри под океанското дно. Има должина од 350 км, а широк е 120 км. Научниците велат дека можно е да има други вакви базени под океаните кои би биле бесценет извор на водата која очајно им е потребна на многу региони во светот погодени од суша.

1 од 6 луѓе во светот нема пристап до вода, а според предвидувањата, до 2025 година две третини од популацијата во светот ќе се соочи со недостиг од вода. Базенот со слатка вода се уште има мала количина сол и мора да се десалинизира за да може да се пие, но овој нов извор на слатка вода ни дава надеж дека има спас.