Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
Судењето против 30годишниот Бобан Илиќ од Куманово, кој е осомничен за убиството на четиригодишниот Алмир Алиу што се случи на 25 јуни минатата година, почнува денеска во 10 часот во Основниот суд во Куманово.
На осомничениот му се заканува доживотен затвор затоа што, според обвинението, убиството го сторил со умисла. Освен за убиството на малиот Алмир, Илиќ е осомничен и за обид за убиство на родителите на детето. Тој се наоѓа во притвор.
Немилиот настан што ја потресе јавноста и предизвика протести се случи на 25 јуни минатата година, по претходна банална расправија за ред во амбуланта. Бобан Илиќ со Мерцедес С200, во кој биле и неговиот брат Б.И. (23) и лицето Т.Д. во близина на Здравствениот дом во Куманово, со предниот десен дел од возилото намерно удри во семејството Алиу. Детето, кое со тешки телесни повреди беше префрлено на Детска хирургија во Скопје, по неколку дена им подлегна на повредите.
Според обвинението, на убиството му претходела расправија меѓу Илиќ, кој бил со неговата девојка во Здравствениот дом во Куманово, и таткото на Алмир поради непочитување на редот за прием во амбулантата.
Во текот на расправијата таткото на детето му се заканил на осомничениот, а при излезот од болницата тој (осомничениот) бил нападнат од три други лица што почнале да удираат по ветробранското стакло на неговиот автомобил. Избегнувајќи го нападот, осомничениот се упатил кон центарот на градот, при што со своето возило марка Мерцедес се обидел да ги прегази оштетеното лице, неговата сопруга и малолетното дете. Сите тројца биле повредени, а со најтешки телесни повреди се здобило детето, наведе кумановското обвинителство во соопштение објавено на 27 јуни.
За денеска, пред почетокот на рочиштето, пред кумановскиот суд е најавен протест на невладината организација Зани (Глас).