Почнува реконструкцијата во Арсенал: На седуммина му е покажана излезната врата!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Заминувањето на Арсен Венгер е само почеток на една голема реконструкција на Арсенал, која ќе се случи ова лето.

Покрај Венгер, излезната врата му беше покажана на уште шест членови на неговиот стручен штаб, а и неговиот прв асистент Боро Приморац исто така го напушта клубот. Повеќете од нив на „Емирати“ поминаа дваесет и повеќе години и одбележија една цела ера на Арсенал.

Медицинскиот работник Колин Левин цели 23 години беше дел од лекарскиот тим, а пред два дена му беше соопштено дека повеќе не му е потребен на клубот. На листата „отпишани“ се Неил Банфилд, еден од тренерите на првиот тим, Гери Пејтон специјалист за голмани, Тони Колберт кондициски тренер како и Пол Џонсон.

Единствениот кој ќе остане е поранешниот голман на Арсенал, Јен Леман, кој ќе биде задолжен за тренирање на голманите.

Раководството на Арсенал спремна комплетна реконструкција и се да припреми за доаѓање на новиот тренер, а последните информации говорат дека тоа ќе биде помошникот на Гвардиола, Микел Артета.