Почнува најмасовната самоизолација во историјата – над 1,4 милијарди луѓе ќе се затворат во своите домови


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Индија ја започнува најголемата светска блокада во времетраење од 21 ден, најави индискиот премиер Нарендра Моди.

Премиерот воедно ги предупредил граѓаните дека мораат да останат во изолација или да ризикуваат да ја повикаат пандемијата во своите домови.

„За да се спаси Индија и секој Индиец , ќе постои целосна забрана за излегување од дома, изјавил Моди во телевизиското обраќање. Тој признал дека тринеделната блокада ќе биде голем удар за економијата на земјата , но смета дека алтернативата би можела да ја врати земјата со децении назад“, пренесе Ројтерс.

Моди ветил дека со две милијарди долари ќе го зајакнува здравствениот систем . Тој денешната наредба ја нарекол „целосно затварање“ и не објавил дали некои вработени во услужните дејности ќе бидат исклучени од оваа забрана. Но, истакнал дека се преземени „сите чекори централната и државната влада да го осигурат снабдувањето со основни намирници“ .

Во Индија досега се регистрирани 469 позитивни на Ковид -19 и 10 смртни случаи.