Home Актуелно Почнаа „да паѓаат глави“: После Тантуровски, уште неколку оставки во Антикорупциска

Почнаа „да паѓаат глави“: После Тантуровски, уште неколку оставки во Антикорупциска

Откако оставка си поднесе претседателот Игор Тантуровски, а после него и Горан Миленков, следат уште неколку оставки од антикорупционерите поради скандалот со патните трошоци кој ја потресе оваа комисија.

Вкупно петмина членови на Антикорупциска комисија веќе поднесоа оставки. Сејди Халили, кој вчера ја најави, денеска ја поднел својата оставка, а освен него, денеска оставки поднеле и членовите Фарие Алиу и Жаклина Дамчевска, пишува порталот „Порталб“.

Халили вчера изјави дека оставката ја поднесува, бидејќи не може да го трпи притисокот од јавноста, но и да се отвори пат за реализација на новите политики во борбата против корупцијата.

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…