Почна изградбата на новиот Атлетико: Претставено првото засилување!


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Атлетико Мадрид ова лето ќе прави вистинска реконструкција на тимот, откако неколку стандардни првотимци потврдија дека ќе го напуштат клубот.

Симеоне го прифати предизвикот да изгради „нов“ тим, па денес „јорганџиите“ го претставија првото засилување.

Станува збор за 30-годишниот дефанзивец на Порто, Фелипе Агусто кој ќе потпише тригодишен договор со Атлетико Мадрид.

Фелепи за Порто настапуваше во изминатите три сезони и одигра скоро 150 натпревари, а за неговиот потпис „јорганџиите“ се согласија да платат 20 милиони евра.

Се очекува Фелипе да биде само првиот во низата играчи кои ова лето ќе пристигнат на „Ванда Метрополитано“, а наводно Симеоне сака да донесе уште еден стопер.