Home Актуелно Починат маж пронајден во кола на патот за Арачиново

Починат маж пронајден во кола на патот за Арачиново

Вчера попладне во 16.10 часот било пријавено дека на патот за село Арачиново, скопско, во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат 50-годишниот А.И. од село Сарај, скопско, извести МВР.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство, додаваат од Министерството за внатрешни работи.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а телото на починатиот е предадено на семејството, пренесува „Макфакс“

Вчитај повеќе поврзани статии
Comments are closed.

Check Also

Онлајн игри кои ќе сакате да ги играте повторно

Во последните десет години, играњето онлајн игри прерасна од обична забава во културен фен…