Починал додека го поправале: Пациент го загуби животот во расипано амбулантно возило


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Пациент од Крива Паланка со Брза помош бил испратен во Ургентниот центар во Скопје денеска, но возилото се расипало и тој починал додека се отстранувал дефектот, по наплатната рампа кај Романовце, потврди вчера порталот СакамДаКажам, со изјава од в.д. директорот на Здравствен дом Крива Паланка Јоцко Стефановски. Тој вели дека пациентот бил во многу тешка состојба и дека дефектот на амбулантната кола не е причина за неговата смрт.

„Двајца пациенти во критична состојба се примени во нашата служба за итна медицинска помош, кои веднаш се препратени во Кумановската болница. Таму починал еден од пациентите, а вториот кој исто така бил во критична состојба е препратен во Скопје. На патот за Скопје настанал дефект на возилото, за што утре детално ќе се знае дали откажалче кочниците или пукнала некоја сајла. Среќа што возачот го стабилизирал возилото и успеале да застанат. Дефектот настанал откако ја поминале наплатната рампа кај Романовце. И овој пациент кој бил во тешка здравствена состојба починал. Веднаш е побарана помош од Куманово и Скопје, Од Скопје стигнало возило но за жал пациентот веќе починал. Невкусно е да се коментира дека пациентите починале поради тоа што се случил дефект на возилото. Како што ми пренесоа дежурните лекари и двајцата пациенти биле во многу тешка состојба. Едниот е повозрасен пациент, кој имал симптоми на гушење, а вториот претходно бил на пресадување бубрег и веројатно нешто му се искомплицирало. Но ова се неофицијални информации, утре ќе имаме комплетна слика што се случило“, изјавил вчера Јоско Стефановски, в.д. директор на Здравствен дом Крива Паланка.

Тој вели дека нему му јавиле околу 16 часот дека возилото има дефект и дека бараат помош и друго возило.