Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Академикот и еден од најреномираните византолози, Цветан Грозданов, почина по долгогодишни здравствени проблеми.
Имаше 82 години. Зад себе остави огромен легат на полето на црковната ликовна уметност и нејзината историја. Особено ќе биде запаметено неговото дело посветно на св. Климент Охридски.
Цветан Грозданов е роден во Охрид, во 1936 година. Дипломирал и докторирал на групата за историја на уметноста на Филозофскиот факултет во Белград, а специјалирал византологија во Париз.
Беше долгогодишен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Беше првиот министер за култура во независна Република Македонија и во еден период претседател на Македонската академија на науките и уметностите. За своите дела носител е на многу титули и награди.