Игор Насковски: Како да станеш трагач на тартуфи и да заработуваш 5.700€ за 1кг! ↓↓↓
По кратко боледување, во неговиот дом во Калифорнија, на 75-годишна возраст, почина актерот Рутгер Хауер, кого широката филмска публика најмногу го памети по улогата во култниот „Blade Runner“.
Холандскиот актер е најпознат по улогата на Рој Бати, главниот непријател на ликот на Харисон Форд во филмот од 1982 година. За споредната улога во филмот „Бегство од Собибор“ во 1988 година доби „Златен глобус“.
Неговиот агент Стив Кенис изјави дека актерот починал минатиот петок. „Беше одличен тип и одличен актер“ – изјави тој.
Роден е на 23 јануари 1944 година во Брекелен, недалеку од Амстердам, во семејство на наставници по глума. На 15 години го напуштил семејниот дом и влегол во трговска морнарица. Во Амстердам се вратил во 1962 година и кратко студирал глума. После тоа се приклучил на армијата. Првата улога ја добил во филмот „Флорис“ во 1969 година. Во Холандија беше одликуван со титулата Витез од редот на холандскиот лав.