Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Маја Паневска од Свети Николе, која вчера се породи во болницата во Штип, починала утрово во истиот болнички центар под неразјаснети околности.
Како што дознаваме од семејството, жената се породила со машко бебе, а утрово починала под засега се уште неразјаснети околности.
Семејството нема информации од што настапила смртта и кога дошло до влошување на состојбата кај родилката.
Директорот на штипската болница, Ален Георгиев, го потврди случајот, но не кажа повеќе информации за трагедијата,а во текот на денот очекуваме одговори за тоа како било извршено породувањето, дали имало компликации при породувањето и кои се причините поради кои настапила смртта.